Руската контрола на воздушниот сообраќај изгуби контакт со патнички авион Ан-24 во кој се превезувале околу 50 лица.
Авионот, управуван од „Ангара ерлајнс“, летал кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина.
Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред својата дестинација.
Последните информации се дека авионот на „Ангара ерлајнс“ Ан-24 со најмалку 40 патници се урнал во рускиот регион Амур на крајниот исток од земјата.
МИА












