ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМАТА ПОТРОШУВАЧКА ГО НАМАЛИЛА ПРИТИСОКОТ, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД“

Од битолски „Водовод“ ги информираме сите корисници дека поради високите температури, потрошувачката на вода во водоводниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола е драстично зголемена и надминува 700 литри во секунда.

Како резултат на тоа, велат од „Водовод“ притисокот во системот е намален, што предизвикува проблеми со водоснабдувањето, особено на критичните и повисоките делови од градот.

„Апелираме до сите корисници за рационално користење на водата, односно да се користи само за основни потреби: Пиење, лична хигиена и готвење. Истотака, ги потсетуваме граѓаните што живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки за обезбедување соодветен притисок“ стои во информацијата од јавното претпријатие.