Утре на онколошкото одделение во Битола ќе прегледува доц. Д-р Ленче Костадинова, раководител на одделот за карциноми на глава и врат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. – информираат денеска од битолската Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“. Битолската клиничка болница во соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и Министерството за здравство организира посета на лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија овде, кадешто живеат пациентите од Битола.

Нема повеќе долги и мачни патувања до скопската онколошка клиника за преглед па и третман на пациентите со малигни забоувања. Утре на онколошкото одделение во Битола ќе прегледува доц. Д-р Ленче Костадинова, раководител на одделот за карциноми на глава и врат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Ординираањето на лекари од скопската клиника засега се одвива еднаш неделно, во петок, вели Д-р Ненси Лозанче, директор на битолската болница. Чекорот е во насока кон поголема достапност до медицинската грижа, олеснување на пациентите.
„Тоа се едни од најтешките пациенти со една многу сериозна дијагноза, едни о потешките пациенти за кои претставува додатно оптеретување кога ќе треба а патуваат во Скопје, секако дека не одат сами, ангажираат уште некој член од семејството. Тоа е и особено сега во овие услови на повисоки температури, па и во зимските услови кога ќе треба да патуваат … секако дека е голоем апридобивка да го скратиме оној дел од нивниот третман во текот на денот со оглед дека тоа не е само обичен краток преглед, знаеме какви се гужвите, знаеме колку се оптеретени и Клиниката со наплив од пациенти од цела Македонија. Ова е еден начин да се олесне и на нашите доктори кои веќе работат со овие пациенти, бидејќи и тука е намален бројот на персонал кој работи , а и да ја скратиме голготата на овие пациенти кои покрај тоа што си ја носат таа тешка дијагноза го имаат и ова како додатен напор. “ вели Д-р Ненси Лозанче.

Докторката Лозанче раководи со битолската болница скоро една година, а оваа можност за пациентите со малигни заболувања се реализира сега по серија на административни постапки кои мора да ги спроведат двете болници и неколку министерства.
„Идејата е наша на Клиничка болница – Битола уште од првите денови. Се соочивме со незадоволството и тешкотијата на овие пациенти со кои искрено сочувствувавме и ја покренавме иницијативата, меѓутоа нормално мораше да поминат одредени админситгративни процедури за ова да се реализира , добивме согласност некаде пред еден месец, направен е договор со клиниката и веднаш почнавме со реализација. Во почетокот тоа се консултативни прегледи , меѓутоа се надеваме со одреден протокол на министерството за здравство дека ќе прдолжиме и со терапевтскиот дел. “- вели Д-р Лозанче.


Пред две недели овде ординираше Д-р Владимир Трајковски , мината недела Д-р Симонида Црвенкова, раководител на одделот за белодробни карциноми, а овој петок, утре ќе ординира Д-р Ленче Костадинова. Во контекст на специфичната дејност којашто ја врши клиничката болница , д-р Лозанче вели чекорот е прифатен од пациентите кои претходно биле незадоволни.
„Искрено, јас ги разбирам , го разбирам и незадоволството на одредени пациенти – до некаде е оправдано, меѓутоа правиме напори да се подобри состојбата на овие и на сите други пациенти. Доволно е кога ќе се погледне насмевката и задоволството од овој наш чекор, претставува стимул за уште подобро да ја решаваме состојбата со пациентите не само во оваа област туку и во другит области на Болницата. “
Битола спаѓа во градовите со најголем број на пациенти со малигни заболувања, а битолското онколошко одделеие коешто функционира од 1990 година го реализира третманот на пациентите од целиот, пелагонискиот регион.












