„Пожарот кој попладневно избувна на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина со трска и поради ветрот се ширеше со голема брзина кон селото Перово, веќе не претставува опасност за селото благодарение на пожарникарите од Ресен кои се на лице место, но и на локалното население“ вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој кажа и дека интервенира и еден Ер трактор Амфибија на Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе му се приджи и вториот. Како што вели Ангелов, Ер тракторот ја пресекол линијата на огнот им помага на силите кои гаснат од земја да воспостават целосна контрола врз овој тежок пожар кој се закануваше на неколку села.












