CHAT GPT како најнова забава на Битолчани, ја искористивме за најстарата забава на Битолчани – изборните анализирања и прогнозирања.
Последната наша претрага беше прашањето „Кога кандидати за градоначачник би биле Тони Коњановски, Габриела Илиевска и Методија Куновски кој би станал градоначалник?
Доколку само овие тројца би биле кандидати, тогаш шансите за победа би зависеле од неколку фактори : електоралната база на партиите, влијанието на личниот рејтинг и можноста за втор круг – е првиот одговор што го добивме, а продолжи со анализа по кандидат и шансите за вчез во втор круг.
Предност на Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ е што има „најјака организациска структура и мобилизирана поддршка, веќе е градоначалник, кандидатура потврдена и активна.
Недостаток се товарот од негативни конфликти во Советот, обвиненија за нетранспарентност и дел од гласачите се уморни од „ВМРО“.

Има многу високи шанси за влез во втор круг и високи шанси за победа ако опозицијата оди поделена.
Предност на Габриела Илиевска е што е популарна меѓу урбаните проевропски и граѓански ориентирани гласачи, има локална видливост и независен кредибилитет.
Нејзин недостаток е што нема широка инфрастурктура за кмапања, ниту сигурен гласачки корпус како ВМРО или СДСМ, може да се перцепира како трета опција.
Шансите да влезе во втор хруг и се средни – ако СДСМ остане слаа или демотивирана, а шансите за победа се ниски до средни – само ако ја собере целата опозиција во втор круг.
Предноста на Методија Куновски од СДСМ е што има формална партиска поддршка, централен статус и новина во имиџот.

Неговиот недостаток е што СДСМ во Битола има ослабена структура, внатрешни поделби, недоверба кај дел од базата, Куновски не е доволно препознатлив на терен.
Шансите да влезе во вториот круг се средни до ниски, а шансите за победа – ниски, освен ако не добие поддршка од „Поинаку“ и други.
Оваа вештачкава интелгигенција умее и табела да направи, според сопствени зададени параметри и оценка од 1-10 , и тоа за професионално искуство ( политичко секако), партиска поддршка, јавна препознатливост, теренска организација, потенцијалн за нови гласови и шанси за втор круг.
На крајот ја исгрли и прогнозата , вели : прогноза според најверојатно сценарио: Коњановски веројатно ќе биде прогласен со 35-40% , Илиевска и Куновски ќе се борат за второто место (20-25% за секој) , ако опозицијата оди поделена Коњановски може и да добие над 50% и да победи во прв круг.
А во втор круг, ако го има, Ако влезе Илиевска против Коњановски – тесна борба, но Коњановски има блага предност, Ако влезе Куновски против Коњановски – голема предност за Коњановски, и, Ако Куновски и Илиевска не се договорат – Коњановски победува сигурно.
Предноста на CHAT GPT во однос на досегашните пребарувачи е што на едно место ги собира, анализира и организира сите објавени податоци.
Неговиот недостаток е што не знае дека во Битола и други политички партии и , има посебен изборен менталитет.












