ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА НА РИБАРСКИ КАРАНИЦИ НА РОТИНСКО ЕЗЕРО

Битолскиот театар вечерва ја има својата 13та премиера оваа сезона, и поканува на една голема авантура и доживување, заедно со уживањето во театарското остварување.

Вечерва е премиерата, а утревечер е првата реприза на претставата „Рибарски караници“ од Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски. Фактот дека културата и туризмот се тесно поврзани, ги одведе членовите на театарскиот тим до единственото природно езерце што го има во околината на Битола – Ротинското езеро.

На платформа поставена на 70тина чисти метални буриња од РЕК Битола,  со носивост околу два тона – идејно решение на сценографот Валентин Светозарев, изработена  од сценските работници од Театарот претставата ја играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

Од 22 септември оваа претстава ќе биде поставена на сцената на театарот – физичката сцена во театарот, а дотогаш атрактивната локација ќе ги исправа пред различни предизвици , како досега…

Премиерата под ѕвезди се одржува вечерва 25 јули, репризата е утревечер на 26. Од театарот препорачуваат патики, наместо високи потпетици, џемперчиња наместо гала фустани и да се биде пред театар барем 15-тина минути пред 19 часот, на главниот влез за да може возачите на автобуси и комбиња да ве видат и пребројат. Ако одите со свое возило, паркирањето ќе го регулира сообраќајна полиција.

Повеќе за продукцискиот процес, во прилогот подолу што ве води до YouTube.