Коњановски вели дека се надева оти клучот од општината ќе остане кај него и во наредните четири години и дека тој е фокусиран на реализацијата на проектите.
„Ќе победи најдобриот, граѓаните се тие кои ќе одлучат“ вели Тони Коњановски градоначалник на Битола и кандидат на ВМРО ДПМНЕ за локалните избори, во интервју за Актуел на Тера телевизија.
Зборуваме и за неговите политички опоненти, како и за тоа дали тој повеќе ги разбира граѓаните за нивните потреби и желби или тие него, дека тој го прави она што смета дека е добро за нив и со динамика каква што е.












