ТЕРА

REKLAMA???

САШО ИЛКОВСКИ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА

М-р Сашо Илковски на 22 јули назначен е за Директор на НУ Центар за Култура Битола со решение на министерот за култура Зоран Љутков, за период од четири години.

Роден на 24 август 1979 година во Битола, Република Македонија, магистер по инженерство и менаџмент, со повеќе од две децении професионално искуство во областа на културата, јавната администрација, дигиталните технологии, маркетингот и управувањето со проекти.

Професионален развој и работно искуство: стручен соработник за музичко – сценска дејност во НУ Народен театар Битола.

Работи и на графички и веб дизајн – изработка на промотивни материјали, флаери, визуелни кампањи и изработка и дизајн на интернет страници, наградуван со наградата за најдобар рекламен материјал на 57-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински” Прилеп, исто така учесник со свои две дела од вкупна селекција од 50 најдобри плакати во официјалниот каталог на осмото меѓународно издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин 2025.

Во изминатите години исто така работел на брендирање и изработка на креативи за над 35 претстави, но и на брендирање на Фестивалот на Монодрамата, две изданија на БИТ ФЕСТ, како и други проекти од областа на културата и другите индустрии во делот на комплетен дигитален маркетинг.

Развивање на визуелни и мултимедијални решенија – фото и видео материјали – како дел од НУ Народен театар Битола, стои меѓу другото во неговата биографија.