ТЕРА

REKLAMA???

НП „ПЕЛИСТЕР“ И ЦАПАРЦИ ГО УРЕДИЈА „ЦАПАРСКИ ВИР“

Се уреди просторот околу „Цапарски вир“ или како што го нарекуваат жителите на Цапари – „Вистински вир“. Просторот е уреен со заеднички сили на жителите и вработените од НП „Пелистер“.

Во пресрет на големиот христијански празник Св.Петка, вработените од ЈУНП Пелистер во соработка со месното население од село Цапари, на задоволство на сите верници и љубители на природата во изминатите три дена и покрај високите температури активно работеа на уредување на просторот околу истоимениот манастир во село Цапари. Истовремено беше уреден и просторот околу цапарскиот вир или меѓу локалците познат како Вистински вир.

За ЈУНП Пелистер од исклучително значење и важност е соработката со локалното население, и велат , во периодот кој следи таа соработка ќе се јакне преку континуирана меѓусебна поддршка во насока на заштита на природата и промоција на потенцијалот кој го има подпелистерието за развој на туризмот.

Цапарскиот вир или попознат и како Вистински вир е лесно достапна и атрактивна локација за сите граѓани. Лоциран е на граница на НП Пелистер, веднаш над село Цапари каде сите љубители на планината можат да уживаат во мирот и тишината на природата далеку од високите температури.

Сепак, имајте на ум дека  забраната за движење во шума сé уште е на сила и сите заинтересирани посетители треба да знаат дека е потребно да извадат дозвола за движење од седиштето на НП Пелистер, од Инфоцентарот или по електронски пат од FB или WEB страната.

 

 

 

 

 

фотографии: ЈУНП„Пелистер“