ТЕРА

REKLAMA???

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО ОХРИД НУДИ МОЖНОСТ ЗА СВЕТСКА КАРИЕРА

Конкурсот за упис на студенти на универзитетот Св. Климент Охридски е објавен.  2.318 студенти може да станат бруцоши на сите 11 универзитетски единици -1.199 се во државна квота. Лоциран во срцето на Охрид, бисерот на Балканот, Факултетот за Туризам и угостителство овозможува оптимална комбинација на кариерен развој и исполнет студентски живот.

Ако се воодушевувате од секоја гастрономска креација, немате проблем на сите прашања од различни видови и возрасти туристи да одговарате смирено, кажувајќи им на пример за природата на хотелската и угостителската работа и притоа да им овозможите се поврзано со осигурување и менаџмент на ризик – тогаш сигуро вашата идна професија ќе ја пронајдете на Факултетот за туризам и угостителство.

Годинава тие ги отворија вратите за вкупно 256 студенти за четиригодишните академски студии за студиски програми кои го организирале образовниот цикус во 8 семестри.

За студиската програма Туризам има 20 места за редовни студенти во државна квота, 20 места за редовни студенти со школарина за студирање, 10 места за вонредни студенти или, на студиската програма Туризам годинава ќе бидат примени вкупно 50 студенти.

Вкупно 35 места се отворени за студиската програма Осигурување и менаџмент со ризик и тоа, 10 за редовни студенти во државната квота, 15 места за редовни со школарина и 10 вонредни.

На студиската програма Хотелско-ресторански менаџмент  отворени се 20 места во државна квота, 5 места за студенти со школарина за студирање и 5 за вонредни или, годинава вкупно на Хотелско-ресторански менаџмент ќе имаат можност да се запишат вкупно 30 студенти.

На студиската програма за Царина и шпедиција можност за запишување имаат вкупно 50 студенти, 15 за редовни во државна квота, 25 редовни со платена школарина и 10 вонредни.

По 5 места се отворени за студенти кои сакаат да студираат на студиската програма Гастрономија. 5 за редовни во државната квота, 5 за редовни со платена школарина и 5 вонредни. Вкупно 15 студенти оваа година за Гастрономија.

По 20 места за редовни студенти од државна квота и редовни со школарина има на студиската програма Менаџмент во услужен сектор. 10 места се отворени за вонредни студенти кои се заинтересирани за Менаџмент во услужен сектор или, вкупно на оваа студиска програма годинава има отворени места за 50 студенти.

Факултетот за туризам нуди и студирање на Англиски јазик. Во академската 2025 / 2026 година факултетот отвори места за две од студиските програми – Туризам и Царина и шпедиција. 6 места има за редовни студенти од државна квота кои би студирале на Туризам и 4 места за вонредни студенти на англиската програма Туризам.

8 места се отворени за редовни во државна квота на студиската програма Царина и шпедиција на англиски јазик, 4 за редовни со школарина и 4 за вонредни студенти. ИЛи за двете програми кои се изведуваат на Англиски јазик Факултетот за туризам и угостителство отвори по 16 места.

Според конкурсот сите категории студенти плаќаат партиципација и тоа од 200 евра во денарска противредност студентите кои ќе успеат да добијат место во државната квота, а по 400 евра во денарска противредност редовните кои би студирале со школарина и вонредните.

Студентите на додипломски студии своето образование го комплетираат и со практична настава, која, според листата објавена на официјалната интернет страница на факултетот подразбира врвни хотели, ресторани  и туристички агенции во Охрид, Струга, Битолоа, Кавадарци.

Универзитетот Св. Климент Охридски е дел од алијансата КОЛОРС, што подразбира дека и на овој факултет студентите имаат можност за стекнување на широко знаење од областите туризам и бизнис и економија. Веќе во септември Факултетот за туризам во Охрид ќе биде домаќин на летна школа на КОЛОРС за Одржлив и културен туризам.