ТЕРА

REKLAMA???

КУЗМАНОВСКИ: НАЈБЛИСКАТА КАТНА ГАРАЖА ВО БИТОЛА Е ВО ПРИЛЕП

ЛДП не отстапува од отворените листи за избори, оти со нив нема да може лидерот да одлучува кој ќе биде на добитно, а кој на недобитно место и гласачите ќе можат да гласаат за квалитетни кандидати, вели претседателот на битолската ЛДП, Димитар Кузмановски кој рече дека на есенските локани избори во Битола ќе настапат самостојно со свој кандидат за градоначалник и листа за советници.

Што се однесува на програмата вели дека подготвуваат остварлива програма која веднаш може да се реализира, а не книги со понеколку стотици страница, кои често од избори на избори партиите само ги препишуваат.

Во Битола има повеќе проблеми за решавање, а го акцентираше проблемот со сообраќајот, а тоа вака го илустрираше.

Странци кога дошле во Битола прашале каде е најблиската катна гаража за да се паркираат, а добиле одговор дека најблиската катна гаража е во Прилеп.

Со него зборуваме и за измените на Законот за локална самоуправа за отповикување на градоначалниците.