ТЕРА

REKLAMA???

СВР БИТОЛА СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ГОЛЕМ МУЗИЧКИ НАСТАН

Во пресрет на еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на  Битола, кој ќе се одржи во недела на 3 август на стадионот „Петар Милошевски “во Битола, каде се очекуваат илјадници фанови да уживаат во електронската магија на светската музичка икона – Армин Ван Бурен, СВР Битола упатува апел до возачите.

„Заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола, ги замолуваме граѓаните на Битола да се воздржат од управување на своите патнички возила тој ден, а особено ноќта на спектаклот. Исто така, упатуваме апел до сите возачи учесници во сообракајот да ги почитуваат посебните сообраќајни правила и да ги следат насоките на полициските службеници за паркирање.

Да бидеме сите совесни возачи, да бидеме сите хумани кон нашите сограѓани и да се воздржиме тој ден од управување на моторни возила со цел непречено одвивање на сообраќајот и реализација на настанот“ стои во соопштението од полицијата.