ТЕРА

REKLAMA???

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП ЗА ГРАДЕЊЕ НА ВАШАТА УСПЕШНА КАРИЕРА

Живееме во време кога е неопходно знаење за успешен одговор на професионалните предизвици на современата економска реалност. Едукацијата од областите на економијата и бизнисот со понуда на висококомпетитивни и професионално ориентирани образовни програми ја организира Економскиот факултет при универзитетот „Свети Климент Охридски“.

На површина од 3280 м2, на 350 метри од студентскиот дом „Народен херој Орде Чопела“и на 1.6 км од центарот на Прилеп е лоциран Економскиот факултет – единица на универзитетот Св. Клименто Охридски. Предавањата се одвиваат во пет амфитеатри со капацитет од 1300 седишта и осум предавални со капацитет од 300 седишта.

Годинава факултетот е отворен за 217 студенти во различните категории и на 7 студиски програми:

На студиската програма Менаџмент има отворени места за 25 студенти од државата квота, 3ца студенти со платена школарина и 3ца вонредни студенти.

На студиската програма Меѓународен бизнис отворени се 30 места за студенти во државан квота, 3 за редовни со школарина и 3 за вонредни.

Студиската програма Маркетинг годинава има 25 места за студенти од државната квота, 3 редовни со школарина и 3 вонредни.

На студиската програма Сметководство и ревизија годинава има 20 места за студенти во државна квода, и како и претходните, по 3 места за редовни со школарина и вонредни.

25 студенти во државна квота може да се запишат на студиската програма Банкарство и финансии, а по три места се отворени за студенти со школарина и вонредни.

25 студенти, редовни во државната квота, може да се запшишат и на програмата Е-бизнис  и по тројца со школарина и вонредни.

Според конкурсот годинава има и вкупно 31 отворени места за студиската програма Економија, којашто е во процес на акредитација.  И тоа 25 отворени места во државна квота и по три за студенти кои би плаќале школарина и три вонредни студенти.

Студентите на Економскиот факултет во Прилеп имаат право да студираат истовремено на повеќе студиски програми и да изучуваат дополнителни курсеви. Имаат само една обврска – да ги исполнуваат задачите пропишани во студиските програми.

И на Економскиот факултет, како на сите единици од Универзитетот, се реализира практична настава – факултетот има компјутерски лаборатории и современа конференциска сала, опремени се со мултимедијална опрема за изведување на наставата, а во рамкиите на Факултетот функционира и Центар за претприемништво и креативност кој е од исклучително значење за поттикнување иновативни идеи и создавање нови можности за регионален и личен развој кај младите. Соработката со заедницата надвор од академијата е на многу високо ниво. Така на пример во тек е оглас за стипендирање на одредени категории студенти од бизнис заедницата.

Детаљите за тоа што значи да се биде студент на Економски, освен што треба да се доживеат, може да се најдат во студентскиот водич, објавен на официјалната интернет страница на Факултетот6, исто како и конкурсот кадешто преку врската upisi.uklo.edu.mk може да се пополни електронската пријава. Од 19 до 27 овој месец е уписот со доставуавње на документите.