Бројни верници синоќа се упатија кон манастирот „Св. Ана“ високо над единственото населено место во националниот парк Пелистер.
Традицијата налага патот до овој манастир да се изоди пеш, особено затоа што до него се стигнува по стрмна патека. Па така, автомобилите и сите други превозни средства синоќа мораше да бидат оставени во центарот на селото. Мора да се мине скоро цело село, а по околу и половина час пешачење во југозападен правец, на 1.400 метри надморска висина, насреде густа борова шума се наоѓа храмот посветен на оваа Светица.
Објектот е трикорабна градба со камбанарија над западниот влез – вели информацијата на интернет страната од националниот парк. Од црковните записи, „Света Ана“ и „Свети Јоаким“ се познати како родители на Богородица.
Нивната приказна каква што ја знаеме започнува откако биле во брак педесет години. Ана се сметала за неплодна бидејќи по сите овие години, не можела да зачне дете. Тие беа побожни во својата вера и 1/3 од сè што поседуваа им даваа на сиромашните, а друга 1/3 на своето место за богослужба. Само 1/3 ја задржуваа за себе.
Водеа мирен живот, но секогаш копнееја да имаат свое дете. Конечно, нивниот сон да имаат дете ќе се оствари. Ангелот Гавриел им се јави на двајцата велејќи дека ќе имаат дете чие име ќе биде Марија. Улогата на Марија беше да биде мајка на Месијата, или Богородица. Секој од нив вети дека ќе го одгледа детето во Храмот и ќе му служи на Бога. Кога Марија имаше три години, нејзините родители ја предадоа во Храмот. После тоа, знаеме дека Марија стана Богородица и на крајот се омажи за Јосиф.
Ана живееше до 69 години, а Јоаким до 70 години. Оттука е и верувањето коешто е поврзано со пешачењето и според некои преспивањето во храмот, манастирот „Св. Ана“ во Маловиште.
Традиционално, искачувањето кон манастирот трае цела ноќ 6-ти спроти 7 август, а во селото куќите на жителите беа со отворени врати – за многу поканети но и непоканети гости, случајни намерници.
Домаќините, годинешните кумови за празникот и славата послужуваа посна вечера. Според синоќешните говорења на жителите на ова село, годинава, веројатно заради уредениот простор и исчистените патеки, имало поголем број посетители – можеби и повеќе од сите години претходно.
Според календарот на Македонската православна црква, денеска се празнуваат Света Ана, Света Олимпијада ѓакониса, Преподобната девица Евпраксија и се одбележува Спомен на Петтиот Вселенски Собор.












