ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: БИТОЛА ЗАРОБЕНА ОД ПОЛИТИЧКИТЕ КАЛКУЛАЦИИ НА СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА

„Заложник на неодговорноста“, вака се обраќа советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски откако и по трет пат не поминаа европските 1 милион евра, пари од Европската инвестициона банка, согласно одлуката од 2023 година, каде за општина Битола предвидени се 1 милиони евра за водоводна и канализациона инфраструктура, а што е проект преку Министерството за животна средина за сите општини во Македонија.

На последната седница на Советот кога таа се најде по трет пат како што веќе информиравме за малку ќе поминеше, оти беше кажано дека со 14 „за“ и 13 воздржани е усвоена, но по реакцијата на советникот од СДСМ Корлевски, претседателката се корегираше и констатираше дека не е усвоена.

Сега Бојкоски посочува дека додека општините Гази Баба, Босилово, Чаир, Желино, Врапчиште и Валандово веќе ги користат финансиските средства од Европската инвестициска банка за развој на локалната водоводна инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните, Општина Битола останува заробена од политички калкулации.

„Советничките групи на СДС, Левица и Поинаку со месеци не даваат согласност за користење на овие средства. Наместо да се водат од интересите на граѓаните, тие блокираат развојни проекти и ја кочат иднината на Битола. Не е ова удар по градоначалникот ова е директен удар врз Битола и битолчани!  Додека тие си играат политика, народот трпи. Но Битола гледа и памети. Време е за одговорност. Време е одлуките во Советот да се носат во интерес на граѓаните. Битола заслужува повеќе. Битолчани заслужуваат подобро“ стои во неговата реакција.

Скоро месец дена пред последната седница СДСМ кажа дека работите не оделе редоследно, а Бојкоски негираше и кажа дека СДСМ само сака да ги кочи проектите.

Со оглед на тоа што веќе влегуваме со изборниот период, тешко е веројатно дека нешто би се променило околу овие пари, без кои како што вели ток остана Битола, оти е заложник на неодговорноста на останатите политички групи во Советот.