Факултетот за информатички и комуникациски технологии обезбедува континуирано образование на високостручен кадар оспособен компетентно да решава проблеми и да им излегува во пресрет на предизвиците на новото време, односно континуирано образование на стручни и претприемчиви индивидуи од областа на информатиката и новите технологии, кои ќе бидат конкурентни на државно и меѓународно ниво, преку висококвалитени студиски програми од научните полиња „Информатика“ и „Компјутерска техника и информатика“.
Во 2025/2026 академска година Факултетот е отворен за вкупно 300 студенти на три различни академски програми со различно времетраење.
Студиската програма „Информатички науки и комуникациско инженерство“ е четиригодишна програма за која оваа година има 180 отворени места за редовни студенти од државна квота, 10 редовни студенти со платена школарина и 10 вонредни студенти.
Студиската програма „Информатика и компјутерска техника“ се тригодишни академски студии за кои во овој уписен рок има отворени 30 места за редовни студенти во државна квота, и по 10 места за редовни со школарина и вонредни студенти.
Факултетот за информатички и комуникациски технологии предлага и студиска програма на англиски јазик. Ја нуди можноста за четиригодишни студии по „Компјутерски науки и компјутерско инженерство“. За оваа програма има 30 отворени места за редовни студенти со платена школарина и 20 места за вонредни студенти.
„Нашата визија е припадност на семејството престижни институции од областа на информатиката и новите технологии, како и давање поддршка на меѓународната интеграција на нашата земја и нашето стопанство од аспект на негова меѓународна конкурентност и трансфер на знаење и технологија“ – пишуваат на својата интернет страна.
Засега, според сите евалуации што се спроведени, се успешни.
И на овој факултет може да се пријавите електронски, преку интернет врската upisi.uklo.edu.mk, односно преку регистрација на iKnow системот. Во периодот од 19 до 27 овој месец може да се достават документите во просториите на Факултетот.












