Од губиток на близок, финансиски проблеми, почеток на нов живот и многу други промени и шокови во животот на човекот се манифестираат различни когнитивни и физиолошки проблеми. Стресот е физичка, физиолошка и психолошка реакција на дразба која ве изместува од востановената рамнотежа. И многумина се обиделе да се борат против стресот. Кинезите еве смислил со цуцли за возрасни да ја ублажат анксиозноста, несоницата, тапоста којашто се манифестира при стрес.
Популарноста на цуцлите за возрасни се претвори во вистинска лудост во азиската земја, со илјадници од нив што се продаваат, додека цените се движат од прифатлива цена од 10 јуани (1,40 долари) до луксузна цена од 500 јуани (70 долари) по цуцла за возрасни.
Тие се продаваат како помагала за спиење, средства за ублажување на стресот, па дури и алатки за откажување од пушење – а клиентите ги голтаат. Некои онлајн продавници продаваат илјадници од нив секој месец, според „South China Morning Post“.
Младите луѓе не се срамат да ги користат, сведочат дека чувствуваат сигурност како што ја имале во своето детство. Кинеските психолози ја објаснуваат растечката популарност на цуцлите за возрасни со концепт познат како „феномен на регресија“. Додека „кога луѓето се соочуваат со екстремен стрес и непремостливи проблеми, тие имаат тенденција несвесно да се вратат во порана фаза од развојот, а цуцлата ја симболизира безбедноста и удобноста на детството.“
Лудоста за цуцли за возрасни не е тренд само во Кина, туку се случува и во Америка. „TikTok“ бил буквално преплавен со видеа од американски возрасни кои се смируваат во сообраќајот додека цицаат цуцли за возрасни на работа.
Скептиците се вклучиле со алтернативи „ако сакате нешто во устата, џвакајте мастика. Ако сакате да цицате нешто (како цуцла), земете лижавче“- е нивната препорака.
Се појавија и првите предупредувања, дека користењето цуцли може да има здравствени последици по оралната слузница затоа што материјалот и дизјанот не се соодветни за возрасните или пак дека долготрајната употреба на цуцли може да предизвика нарушување на темпоромандибуларниот зглоб, што резултира со болки во зглобовите, кликање, па дури и ограничено отворање на устата.
Но, и покрај предупредувањата , многу од корисниците тврделе дека „дефинитивно се чувствуваат помалку стресно кога ќе ги каснат додека работат“, „спијат подобро“ и „се чувствуваат смирено, како мало бебе“.
Фото: „South China Morning Post“













