ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 6,1 СТЕПЕН ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени ја погоди западна Турција, соопшти турската агенција за управување со катастрофи, а локалните медиуми објавија дека потресот бил почувствуван во неколку области во државата.

Едно лице загина, а 29 лица се повредени.

Осумдесет и едногодишен маж почина откако беше извлечен жив од урнатините на станбена зграда во Сундерга, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Вложени се сите напори да се спаси откако беше извлечен жив од урнатините, но за жал тие беа неуспешни, изјави министерот, цитиран од весникот „Милиет“.

Тој рече дека состојбата на 29-те повредени не е сериозна и нема опасност по нивните животи. Уништени се 16 згради во руралните области.

МИА