Пожарот во атарот на с. Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на Територијалната противпожарна единица на Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат, а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.












