Постојана, покриена летна сцена не е само идеја, тоа е неопходност за културниот, социјалниот и економскиот раст на градот, вели Тамара Гарческа, од младината на ЛДП.
„Битола е културен град, а инфраструктурата за одржување на неговиот културен дух никогаш не е доста. Градскиот парк е идеален за ваква летна сцена. Комфорен, организиран амбиент што ќе овозможи почести концерти и манифестации, поттикнувајќи ја енергичната културна сцена. На локација од 1000м2, со капацитет од 2500 Битолчани, летната сцена е повеќе од градежен проект, тоа е инвестиција во културната иднинa на Битола што ќе придонеси до економскиот раст и граѓанската гордост“ вели во својата порака Гарческа.












