ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКА: ЗАСЕГА НЕ ПОСТОИ ПРЕЧКА ЗА КАНДИДИРАЊЕ НА ГРУПА ИЗБИРАЧИ

Државната изборна комисија на седница усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик, поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент  на потписи за предлагање листи на група избирачи.

И почнаа нејаснотиите и кај независните, иако претседателот на ДИК вели дека секој има право да избира и да биде избран, повикувајќи се на членот 60 од Изборниот законик кој го регулира правото на учество на избори.

Како на есенските избори ќе настапи битолската Поинаку, со независна листа како граѓанска иницијатива или ќе регистрираат партија, побаравме одговор од Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина Битола, која е од Поинаку.

„Државната изборна комисија веќе се изјасни дека правото на учество на група избирачи е дадено директно со закон. Во Законот не постои само бројот на потписи потребен за кандидирање. Останува да се види дали пред почетокот на законскиот рок за собирање потписи (10 дена по распишувањето избори), Собранието ќе ги донесе измените на Законикот со кои ќе се определи бројот на потребни потписи. Ако не ги донесе, ДИК ќе го прецизира Упатството за поднесување на листи во смисла на примена на член 60 без собирање потписи. Согласно оваа изјава на ДИК не постои пречка за кандидирање на Група избирачи. Како иницијатива ќе ги следиме упатствата на ДИК и согласно истите ќе постапуваме како независни“ вели Илиевска.