Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел навремено и транспарентно информирање на сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес како и јавноста за законитоста на користењето и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик укажува на следните состојби за период од денот на донесување на одлуката за распишувањето на Локални избори па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје:
– Забрана за нови инвестиции и вонредни исплати


– Забрана за користење противправни и анонимни извори на финансирање за време на избори

– Утврдување на злоупотреба на финансирање на политички партии за време на изборна кампања

-Поткупување на избирачите

Во периодот од 20 дена пред започнувањето на изборна кампања до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, не може:
– да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање;
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги смета за одговорност на одговорните лица на државните органи и други субјекти, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување.












