ТЕРА

REKLAMA???

АКТИВЕН ПОЖАРОТ ВО „ЈАСЕН“, ИЗГАСНАТ КАЈ СЕЛОТО ГОПЕШ

Вчера и денес до 08:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 28 пожари.

Во активните пожари се тие во Општина Македонски Брод: Повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), Општина Сарај : с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација) и Општина Македонски Брод  с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)

Во 28-те изгаснати пожари е и тој кај селото Гопеш каде гореше ниска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи.

Фото: Дирекција за заштита и спасување