Министерството за локална самоуправа објави дека на вториот јавен повик за поддршка на општините за 2025 година средства добија 828 проекти од 80 општини во вкупна вредност од од 13.868.138.877 денари, одобрени од страна на 6 ресорни министерства.
Во информацијата се вели дека сите општини имаа еднаква шанса и третман за аплицирање и сите аплицираа согласно своите потреби и подготвена документација.
Општина со најмногу одобрени проекти е Битола со 65 проекти, а општини со еден одобрен проект се Богданци, Новаци, Градско, Берово и Росоман.
Сите 80 општини во државата имаат одобрени проекти за финансирање во рамки на овој јавен повик.
„Ова е уште еден чекор кон подобри услови за сите граѓани, без разлика каде живеат. Министерството за локална самоуправа во периодот што следи преку директна поддршка и активни мерки ќе работи на зголемување на капацитетите на сите општини, онаму каде што им е најпотребно“ стои во информацијата од министерството за локална самоуправа.












