ТЕРА

REKLAMA???

САЈБЕР БУЛИНГ ВО УЧИЛИШТЕ – УКЛО ПРОЕКТ НА ПРАВЕН ФИНАНСИРАН ОД МОН

Правниот факултет – Кичево  од МОН доби финансии за реализацијата на проектот „Употреба на дигитални платформи и распространетоста на сајбер насилството во училишната средина“, со главниот истражувач, проф. д-р Ангелина Станојоска – се фокус на употребата на дигиталните платформи и распространетоста на сајбер насилството во училишната средина, со цел да понуди нови сознанија и да го прошири научното знаење во оваа актуелна област. Целта на истражувањето е преку научно-истражувачките методи применети во емпириското истражување да се даде објаснување на сајбер насилството меѓу учениците, нивните перцепции , препознавање – за да  се дадат препораки што се применливи во различни образовни системи.

„Всушност актуелните состојби во училишните средини, да се препознаат, да се лоцираат од самите нивни корисници, од самите ученици, а потоа нашиот тим тие податоци ќе ги систематизира и на крај ќе излеземе со неколкуј научни трудови коишто ќе бидат објавени во референтни списанија и, на тој начин да придонесеме и во делот на збогатување на научната литература којашто би го покривала сајбер насилството и третманот од страна на дигиталните платформи, но и да ја развиеме свеста за сајбер насилството во училишната средина односно да ја препознаеме воопшто дали постои таквата свест.“ – објасна при промоцијата на проектите финансирани од МОН  проф. Д-р Светлана Вељановска, декан на Правниот.

Раководител на проектот е прф. Д-р Ангелина Станојоска, којашто на Правниот при УКЛО е продекан за наука и меѓународна соработка, искусна во научно-истражувачката работа  на оваа тема. Таа најпрвин ги претстави членовите на проектниот тим.

„Во проектниот тим се и проф. Д-р Ице Илиевски, вонреден професор Д-р Ивона Шушак Лозановска, вонр. Проф Д-р Благој Неновски, асс. Професор Д-р Андреа Здравсковска и докторанд М-р Ана Џима.

Идејата ја добивме со тоа што претходно со тимот имаме работено на слично истражување на територијата на општина Битола, меѓутоа тоа беше генерално за сите видови на булинг меѓу учениците. Зошто дигиталните платформи? Затоа што учениците голем дел од своето време го минуваат на социјалните мрежи и сметаат дека честопати нивните активности таму се наивни и не предизвикуваат штета, дури и голем дел од нив не ги препознаваат одредените облици на сајбер насилство.“ – објасна проф. Станојоска.

Сите активности што досега се правени од други институции се повеќе насочени кон само давање информации или пак кон едукација без научно-истражувачка позадина и оттука реалната потреба да се реализира вакво сеопфатно истражување, вели проф Станојовска.

„Се работи за проект во кој првиот дел се однесува на научно-истражувачката работа. Ќе бидат опфатени сите осум плански региони со 32 основни и средни училишта со минимален примерок од 1.600 ученици, со целосна полова структура. Врз основа на резултатите, покрај научно-истражувачки Извештај и брошура и трудови , треба да произлезе и Методологија за едукативни сесии коишто ќе се одржат во минимум осум училишта кадешто резултатите ќе покажат дека најчесто се случуваат одредени облици на сајбер насилство. Се разбира едукативните сесии ќе вклучуваат и изработка на едукативни материјали од страна на проектниот тим, веб страница на којашто ќе биде поставена и веб апликација којашто подоцна ќе ја користат и училиштата, учениците, наставниот кадар , а пристап ќе имаат и родителите. Затоа што идејата е корисниците на крајот од резултатите и од проектот, сите производи коишто ќе ги добиеме да бидат пред се училиштата коишто се најважни во процесот на превенција на сајбер насилството коешто се случува во училишната средина. “ – вели проф. Станојоска.

Сајбер-малтретирањето е малтретирање со употреба на дигитални технологии  и, важно е да се имаат сеопфатни информации за овој нов проблем од антисоцијално однесување – најпрвин од здравствените последици по поединецот жртва, а потоа и за целокупното општество коешто мора системски да ги заштити своите граѓани од ваков тип насилство.