Примената на вештачката интелигенција во унапредување на туризмот ќе биде предмет на истражување и обликување на Факултетот за туризам и угостителство при универзитетот Св. Климент Охридски – проект финансиран од повикот на министерството за образование и наука за научно-истражувачки проекти.
Туристичката индустрија е сеопфатна и брзорастечка , а потенцијалниот турист има свои барања кои понудувачите на услуги во сместување и угостителски услуги мора да ги задоволат. Притоа користењето на научно утврдените методи, начини на промоција, реализација и потоа вреднување на ХОРЕКА секторот се предизвикот на Факултетот за туризам и угостителство при УКЛО.

„Сметам дека ниту еден успех не е случаен, па ни овој на Универзитетот и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. И на сите други кои се добитници на вакви проекти финансирани од страна на МОН. Ние како Универзитет, како факултети покажавме дека навистина имаме кадар, имаме ресурси, покажавме дека навистина сме спремни, подготвени, способни и дека тимски работиме, поакажвме дека сме посветени, одговорни и дека само преку една добра организација и насочување на ресурсите успехот е неизбежен. “ – вели проф. Д-р Снежана Дичовска, декан на ФТУ-Охрид.
Проектот што овој факултет ќе го реализира е насловен „Примена на предвидувачка аналитика и вештачка интелигенција за унапредување на туризмот во Северна Македонија“, а главен истражувач е проф. Д-р Цветко Андреески.
„Идејата на овој проект е да се користат големи податоци во анализа со помош на машинско учење и со помош на методи за анализа на природни јазици со цел да се направи истражување на мислењата и ставовите на туристите коишто посетиле одредени туристички дестинации во нашата држава и да се видат резултатите од тие истражувања.“

Проф. Андреески вели дека вакво истражување ќе се реализира за првпат во Македонија, а алгоритмите кои ќе се користат се нови – дел од генеративната вештачка интелигенција којашто се користи сега. Вклучени ќе бидат искусни истражувачи но и млади студенти истражувачи кои што сега ќе го добиваат првото искуство за работа на научен труд се до објавување во релевантни меѓународни списанија. И е во насока кон одржливите цели на ООН за туризам.
„Корисници на резултатите ќе бидат од хотелиери, угостители, понудувачи на туристички и угостителски производи, меѓутоа ќе бидат и општините и миистерството за култура и туризам. Рокот за реализација на овој проект е до крајот на октомври 2026 година. Роковите се кратки, со оглед на тоа што треба да се реализира во проектот, меѓутоа тимот имаше увид во тоа и ги има дефинирано временските рамки со цел да се реализира проектот во утврдениот рок. Целтае да се унапреди одржливиот туризам и во тој дел сме во согласност со мерките за одржлив туризам од ОН и тоа мерките 8, 11 и 12.“ – вели проф. Андреески.
Ова подразбира дека од проектот на Факултетот за туризам и угостителство финансиран од МОН ќе може да се извлечат заклучоци, можеби и препораки за подобрување на конкурентноста на секоторот, проширување на можностите за обука, подобрување на отпорноста и обезбедување непречено патување, заштит на културното и природносто наследство, истовремено поддршка и развој на локалните заедници.












