ТЕРА

REKLAMA???

НА ДЕНОТ НА ПРАЗНИКОТ ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ ВО НОВАЦИ

Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски денеска присуствуваше на свеченоста во РЕК Битола, по повод Денот на рударите.

„Денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, настан на кој заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски им оддадовме признание и благодарност на сите рудари – хероите што со својот труд и пожртвуваност ја движат нашата татковина напред“ вели Стевановски.

Во чест на празникот го посетија и манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, заштитничка на рударите.

„Со благослов и молитва упативме искрена честитка до сите рудари и нивните семејства – да се радуваат на здравје, благосостојба и безбедна работа. Воедно, на сите верници им го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со желба за духовен мир, љубов и благослов во нивните домови“ се вели во честитката на Стевановски.