Проблем со електричната енергија и во потпелистерските села, а од ЕВН велат дека силното невреме што во саботата го зафати битолскиот регион предизвика голем број штети на дистрибутивната мрежа, а отежнат е и пристапот до клучните локации поради паднати дрва.
„Екипите на Електродистрибуција се уште непрекинато работат на остранување на дефекти на нисконапонска мрежа, а истовремено и на санација на среднонапонски вод. Во овие села снабдувањето е делумно нефункционално, односно нема само една фаза. Екипите на Електродистрибуција ќе работат интензивно се до целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија за сите корисници“ велат од ЕВН.
Фото: Илустрација












