Општина Новаци организирано ги пречека новите првачиња, и посака среќна училишна година на сите ученици.

Посакуваме успешен почеток на сите ученици, наставници и родители во нашата општина. Почетокот на учебната година секогаш носи нови предизвици, нови надежи и нови можности за учење и развој.
Градоначалникот Стевче Стевановски ги посети сите класови во основното училиште „Славко Лумбарковски“.

„Особено топло добредојде им упатуваме на нашите најмлади – првачињата, кои за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе започнат едно ново поглавје во своите животи. За да го олесни овој важен момент за семејствата, Општина Новаци, на иницијатива на градоначалникот и со Одлука на Советот, доделува еднократна финансиска поддршка од 10.000 денари за секое прваче.“ – вели градоначалникот.

„Општината континуирано работи на создавање услови за поквалитетно образование. За таа цел, и оваа учебна година обезбедуваме:
Бесплатен оброк за сите ученици – за да се поттикне правилна исхрана и еднакви услови за учење,
Таблети за учениците од IV одделение – како поддршка на дигиталната писменост и модерното образование.
Инвестиција во иднината“

„Овие мерки претставуваат само дел од нашата визија за унапредување на образованието и создавање подобра иднина за младите генерации. Веруваме дека вложувањето во децата е најважната инвестиција што една општина може да ја направи, бидејќи тие се иднината и двигателот на нашата заедница.

На сите ученици им посакуваме да бидат радознали, истрајни и успешни. На наставниците и родителите – благодарност за нивната несебична посветеност и поддршка.

Нека новата учебна година биде исполнета со радост, нови знаења и големи успеси!“ – порачаа денеска од Општина Новаци.













