ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕМА ДА НИ „НАМИГНУВААТ“ ОД ИЗБОРНИ ПАНОА?

В четврток пред советниците во Советот на Општина Битола ќе се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Претходно беше на седница на Комисијата за финансии и буџет каде претставничката од одделението за буџетска координација, напомена дека се однесува за пред изгласување и вчитување на ребалансот, односно до 30 јуни.  Над 41 процент била реализацијата.

Потоа следуваше објаснување на реализацијата по ставки. Советникот Корлевски праша за капиталните расходи од програма каде реализацијата била помалку од 1 процент. Имаше прашање и за реализацијата во изградбата на новата зграда на противпожарната едница на Битола и за тоа како одела реализацијата, а претставничката на општината кажа дека се работи за проект од развојната програма во оваа и наредните години.

На комисијата и точката за утврдување и обележување места за истакнување изборни плакати за избор на членови на Советот и Градоначалник на Општина      Битола. Претседателката побара пауза да се обезбеди претставник од општината. Се вратија по паузата, но бидејќи немаше кој да им објасни за точките таа кажа дека нема да се најдат на дневниот ред на седницата в четврток, а со тоа како што рече, ќе нема изборни плакати на паноата низ градот.

Кварталниот извештај беше гласан со 2 гласа „за“, против 2 и воздржан 1 и контатаираше дека точката не усвоена, а за таа за изборните плакати и за начинот на користење на просториите во објектите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општината Битола, за организирање предизборни собири од страна на организаторот на изборната кампања, не ги стави на гласање.