Денеска од страна на полициаки слижбеници од СВР Битола одржан е работен состанок со претставници на ФФМ, Општина Битола, менаџер на градскиот стадион „Петар Милошевски“ како и претставници од Агенција за обезбедување на лица и имот и Територијалната противпожарна единица на Битола, а во врска со одигрување на претстојниот фудбалски натпревар, помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Италија во рамки на У-21, кој ќе се одигра на ден 09.09.2025 година со почеток од 18.15 часот на стадионот во Битола.

Како што соопштуваат од битолската полиција, во разговорот беше ставен акцент на целосно применување на одредбите од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, во кој се предвидуваат обврските на организаторот на натпревар, како и превенирање и спречување на секакви нарушувања на јавниот ред и мир пред, за време и по завршувањето на натпреварот.












