„Овде победникот е јасен. Но, не смееме да имаме калкулации. Не смееме да се доведеме во таква ситуација, не смееме да дозволиме, ќе бидат слободен и директен на шарлатани и на неработници и на циркузанти да не блокираат во советот. Многу е лесно да се критикува, многу е лесно да се собираат протести гласови. Проблем е да се сработи нешто во животот, па еве да ги прашам вечерва од Битола што сработиле во животот освен што се глупираат по социјални мрежи“ рече синоќа потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски на предизборниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Нова Битола.
НИКОЛОСКИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ШАРЛАТАНИ ДА НЕ БЛОКИРААТ ВО СОВЕТОТ












