Едно од изборните ветувања на Драганчо Саботковски кандидатот за градоначалник на Могила од ВМРО-ДПМНЕ кој и досега беше градоначалник на оваа општина е посветената работа за останување на младите родени во било кое од населените места во општината во своите родни места, во својата држава. Еден од сегментите кој досега бил занемарен, едно време и блокиран е изградбата на установа за предучилишно згрижување на деца.

Жителите во изминатиот, предизборен период реагираа дека изградбата на градинката се издолжила.

Инвестицијата е заедно со министерството за труд и социјала, чини околу 15 милиони денари со ко-финансирање од Општината и поголем дел од министерството. Лоцирана е веднаш зад училиштето, па и со спортскиот терен ќе биде врталиште на сите деца во школска возраст.

Општина Могила е распослана на 22. 363 хектари, со 23 села и според податоците од последниот Попис на населението во 2021 година има 5.283 жители.

Оваа градинка била ветувана од сите политички фигури во последните 29 години и во сите изборни циклуси.
Саботковски вели, работите се придвижија и ќе завршат благодарение на добрата соработка што ја вопоставил со централната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Обезбедувањето на соодветна грижа за децата, подразбира и содавање можност за учење, но и социјализација, не само на децата, на сите генерации жители од кои Саботковскии на овие локални избори го бара гласот за вториот градоначалнички мандат.












