ТЕРА

REKLAMA???

ФК „ПЕЛИСТЕР“ ИЗГУБИ И СЕ СКАРА СО ФК „ВАРДАР“

Синоќа имаше ново разочарување од ФК „ПЕЛИСТЕР“. Губењето во низа прекинато само со еден натпревар во кој донесоа нерешен резултат не е во фокусот на менаџментот. Напротив, денеска им беше многу важно да се скараат со ФК „ВАРДАР“ затоа што Комитите направија штета на јужната трибина, таа којашто треба да се реконструира.

Фудбалерите на ФК „ Пелистер“ синоќа пред своите навивачи во Битола го доживеаја понижувачкиот вкус на поразот во вечното дерби против ФК „Вардар“.

Натпреварот заврши со резултат 2 : 1 во корист на гостинската екипа.

Познавачите велат,  сериозен удар за екипата и нивниот нов тренер кои мора да се консолидираат и да се обидат до крајот на првенството да освојат бодови за да се помрднат од лошото 10 место на табелата од 12 фудбалски екипи. Ова е ново разочарување за Пелистерци и нивните симпатизери.

Публиката беше убедена дека пеналот со кој Вардар стигна до победничкиот гол бее неправеден. Но од Фудбалската федерација на Македонија уште синоќа испратија соопштение , одговор со кој ги разбија дилемите. Судиската комисија излезе со соопшптение во кое се вели дека во текот на натпреварот имало три критични ситуации: „Првата ситуација е во 42 минута, кога топката удира во рака на одбранбениот играч на домашната екипа која е во природна положба“, „Втората ситуација е во 60 минута, при постигнување на израмнувачкиот гол за домашната екипа“ и, третата ситуација е „во 80 минута, односно гостинскиот напаѓач со бр.11 продира непречено до противничкиот казнен простор, влегува во него, по што домашниот играч со бр.8 стартува со намера да ја избие топката, но прави погрешна и задоцнета проценка и го соборува гостинскиот противнички играч со прекршок во нога. Главниот судија отстапува од својата дијагонала на движење, има јасна прегледност и антиципација на ситуацијата и правилно го проценува прекршокот.“

Поразот е пораз и е составен дел од играта.

Сепак на ФК Пелистер денеска му беа поважни некои други моменти, кои, неминовно го одвлекуваат вниманието од учинокот на спортскиот раководен тим и учинокот на менаџментот. Денеска ФК Пелистер соопшти дека ги прекинува институционалните односи со ФК вардар затоа што „дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември се оштетени и сквернавени. Заради заштита на нашиот стадион во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на стадионот „Петар Милошевски“.

 

 

фотографии: сопственост на ФК Пелистер