ТЕРА

REKLAMA???

ФК ПЕЛИСТЕР Е ЈАВЕН ИМОТ И НЕ СМЕЕ ДА ИМА ГРЕШКИ ПРИ ЕВЕНТУАЛНА ПРОДАЖБА

Советниците ја одложија расправата за продажба на ФК„ Пелистер“ на последната седница. на одлагањето претходеше силна негативна реакција на јавноста и информации само од навивачката група Чкембари.

Битолската спортска јавност е информирана, а навивачите очигледно поделени по прашањето на досега единствениот предлог за продажба на Фк Пелистер кој ево сопственост на Општина Битола, ама е и Акционерско друштво. ( по закон)

Наместо од сопственикот, битолската јавност се информира дека Битола го продава ФК „Пелистер“ од Фејсбук страниците на навивачките групи. И тоа по  предлогот на заинтересираниот купувач, откако се разбра дека советниците ќе расправаат.

Тие заради недостаток на информации, а и заради поделената навивачка јавност, не дискутираа. Точката број два беше повлечена.

Реакцијата веднаш пристигна.

За навивачите и граѓаните отсуството на дискусија претставува избор на „помалото зло“. И велат : „За истата точка требаше да се дискутира и да се постават црвени линии“ но вели, „очигледно одека гол популизам и берење на ситни поени, советниците не беа доволно спремни за дебата и предлози.“ Бараат „ Засебна седница  ( на советот ) за поставување на црвени линии и услови за превземање на ФК Пелистер во иднина. Следбениците на групата „И моето дете ќе навива за Пелистер“ го објавија и пред-договорот пред општината да го објави и прашале и правници за тоа што се нуди. Тие им објасниле дека „ со овај преддоговор, клубот нема право на преговарање со друг спонзор/инвеститор (доколку го има), Општината е должна да го донесе клубот на 0 денари долг и да го спреми пакетот акции до 31 Март.“ Ова велат, значи дека потенцијалниот инвеститор би имал целосна контрола, иако не наведува ниту колку време ќе работи со клубот, ниту колку пари ќе инвестира.

Не прифаќаат додавка во името на клубот, и бараат во иднина да се забрани  промена на името, амблемот, клубските бои, седиштето како и местото на одржување на натпревари.

Навивачите од групата „Чкембари Битола“ се строги во својата критика кон чекорот. Велат

„Свесни сме дека станува збор за преддоговор и дека истиот е преведен со помош на ChatGPT, меѓутоа она што сериозно загрижува е фактот дека во истиот се предвидени обврски исклучиво од наша страна. Апелираме, без приложени банкарски гаранции и без конкретна финансиска уплата, да не се преземаат никакви обврски – ниту во делот на реклама, ниту во делот на преименување или менување на било што поврзано со клубот.“

Сите се единствени во констатацијата дека на клубот му посакуваат добро и дека може да се направат грешки кои тешко се исправаат. И велат „Пелистер е македонски фудбалски клуб, кој игра во Битола и го носи својот препознатлив зелено-бел амблем.

Така и треба да остане.“

 

Тоа што исто така треба и советниците и навивачите и играчите да го имаат на ум е дека продажбата на општински фудбалски клуб не е само спортска вест. Таа е јавна тема што вклучува граѓански пари и имот и чиј позитивен или негативен исход влече политички импликации. ФК Пелистер како општински клуб работи со јавни пари, користи општински имот, земјиште, инфраструктура.

А  Името „Пелистер“ на спортските клубови е градски симбол.