За празниците вообичаено се конзумира повеќе храна, па и алкохол. лекарите од брзата помош во битола ги прашавме колку интервенции имаа во новогодишната ноќ во Битола.
Без препијани – или интоксицирани, ниту пренајадени, и само неколку интеревенирања на полицијата. Така велат извештаите на Службата за итна медицинска помош од Битола и Секторот за внатрешни работи.

Новогодишната ноќ според првичните извештаи изминала мирно, без инциденти и без многу ангажирање на Скужбата за итна медицинска помош. Само 8 пријави за алкохолна интоксицираност биле регистрирани во текот на најлудата ноќ. Споредувано со претходни години, кога бројката била и поголема, медицинскиот персонал би подготвен и за поголем број на интервенции. Но, еве битолчани биле умерени и во пиењето и во исхраната. Имало и неколкуи повици до нив за домашна посета, но со совети по телефон и со премислување од страна на граѓаните кои сметале дека имаат проблем завршиле ваквите повици.
Отсуството на инциденти со алкохолизирани лица им зададе помалку работа и на припадниците на СВР Битола. Нивниот извештај вели дека имале само неколку настани што ги активирале припадниците на полицијата. Одземена пиротехника од малолетници и пожар на мотоцикл.
Најпрвин 20 минути по полноќ во СВР Битола било пријавено дека во дворно место на ул.„Бранко Радичевиќ ” настанал пожар, при што целосно изгорел мотоцикл, а зафатени биле и дрва за огрев. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Во 01:45 часот на ул.„Широк сокак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола од двајца 14-годишни малолетници од Битола одзеле околу 100 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
Најсериозниот настан на СВР Битола сепак се случил во Македонски Брод. Во 3 часот и 17 минути лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод пријавил дека кај нив со повреда на рака од огнено оружје бил донесен 52 годишен Скопјанец. Со возило на Итна медицинска помош, тој е пренесен во болницата „Борка Талески” во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Службите и натаму апелираат на умереност во сите активности кои се поврзани со празнувањето – и јадење, и пиење и добро облекување, а најважно, не само заради личното чувство на безбедност туку и за другите, максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства.

















