Василичарските карневали и во 21 век се дел од автентичниот израз на македонската традиција , идентитетот на луѓето кои живеат на ова тло. Цапарскиот годинава привлече повеќе од 70 учесници и преку 1000 посетители.

Со ѕвонци, маски и древна симболика, Василичарските карневали и сега во 21 век се дел од народната традиција која укажува на неколку важни сегменти од животот на луѓето во сопствената творевина наречена општество – а е потпишана со игра, смеа и среќа.

Цапарскиот карневал годинава привлече преку 1000 туриси кои се воодушевуваа, сликаа, коментираа и го прифатија борбениот дух – да се изгони злото кое демне на почетокот на новата или популарно Старата Нова година, онаа што доаѓа со празнувањето на еден од големите поборници за чистотата во верата – Светиот Василиј Велики.
Цапари со децении е домаќин на ваков карневал. Возрасните жители на селото ја пренесуваат уката од своите возрасни дека карневалот првин почнал во Цапари, дури потоа во Вевчани , а со тоа го пренесуваат и тврдењето дека Цапарскиот е најстариот василичарски карневал во Македонија.

Сценариото – однапред определено. Маскираните василичари е излегуваат на улиците,. А тоа значи дека во време на карневалот митски суштества, животни, младоженци, сватови или сатирични ликови од секојдневието завладуваат со селото. Етнолозите и антрополозите објаснуваат, дека изборот на ваквите маски не е случаен. Најпрвин, маската има заштитна улога, ѕвонците, според верувањата, ги бркаат злите сили и носат плодна и среќна година. Посочуваат дека корените на Василичарските карневали се длабоко вкоренети во предхристијанските обичаи, поврзани со циклусите на природата, обновата и раѓањето на новото. Преку хумор, сатира, учесниците често упатуваат критика кон општествените појави, политиката или секојдневните проблеми, правејќи ја традицијата жива и актуелна и во современиот контекст.

Годинешните избројани гости значат дека Цапарскиот карневал постепено станал и туристичка атракција иако во децениите на наза имало опасност од негово згаснување, кога бројот на жители се намалил заради иселување на младите поколенија – дел оделе на печалба, дел само се исселиле во Битола или Скопје.

И годинава карневалот во Цапари покажа дека карневалите се добра претстава на македонскиот фолклор и дека кога традицијата се негува, се пренесува со генерации, може да биде, е живо културно наследство во 21 век.












