ТЕРА

REKLAMA???

Едно лице осомничено и лишено од слобода за фалц ботокс во Битола

Деновиве вниманието во државава , и Битола е свртено кон акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. Тие  ја започнаа својата финална акција за санкционирање на криминалот со нелегален увоз на средства за  естетски интервенции.

Претреси и апсења поради илегален ботокс и медицински средства  спроведува  основното јавно обвинителство за организиран криминал , а  Битола е една од клучните точки во координираната акција. Под сомнение за илегален увоз и дистрибуција на фалсификувани медицински средства за естетски интервенции, полицијата изврши упад во една ординација  и лиши едно лице од слобода во градот под Пелистер.

Акцијата се однесува на разбивање на мрежата за дистрибуција на лажен ботокс и филери. Осомничените биле следени подолго време, а претресот во Битола посочува дека била распространета и низ Битола.  Припадниците на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по претходна судска наредба, влегоа во неколку објекти во градот за да обезбедат докази за криминалните активности.

ОЈО ГОКК: „Дел од осомничените, иако биле целосно свесни дека станува збор за лекови и медицински помагала што не се увезени согласно законските прописи и за кои не постои одобрение, упатство или декларација издадена од МАЛМЕД, сепак вршеле естетски интервенции, со што директно го загрозиле здравјето и животот на граѓаните и предизвикале сериозна општа опасност. Во текот на 2026 година, со јасна намера за стекнување противправна имотна корист, седуммина осомничени формирале две криминални групи, кон кои подоцна се приклучиле и останатите, користејќи правни лица од Битола и Скопје како параван за незаконските активности. Групите организирано набавувале фалсификувани медицински лекови и медицински помагала (вклучително и ботокс) од Србија, Кореја и Турција, кои нелегално ги внесувале на територијата на државата, со цел нивно складирање, дистрибуција, продажба и апликација врз трети лица. Во рамки на истрагата, осомничен е и царински службеник кој, со цел стекнување противправна имотна корист, во два наврати примил поткуп за да овозможи влез на нелегална стока во државата, без да биде извршена задолжителна царинска контрола. Истрагата опфаќа и блиски сродници на дел од осомничените, кои иако знаеле за нелегалните активности, активно учествувале во преземање, складирање и чување на нелегалните лекови и медицински помагала во своите живеалишта.“

Според информациите од ОЈО ГОКК, акцијата е насочена против добро организирана група. Осомничените   може да се  товарат за кривичните дела Злосторничко здружување,  за нелегален профит, повреда на права од индустриска сопственост, затоа што во основа се верува дека де факто дистрибуирале фалсификувани брендови, или пак само правеле неовластена употреба на туѓа фирма.
Акцијата се спроведувала  на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, направени биле интензивни претреси и во приватни ординации. Меѓу десетината приведени во оваа обемна акција се наоѓаат познати имиња од медицинската сфера. Станува збор за доктори вработени на клиниките , но и сопственици на приватни дерматолошки ординации, кои ги користеле овие небезбедни средства врз пациенти.

Истрагата треба да покаже колкав дел од овие фалсификувани препарати завршиле на црниот пазар во Битола и дали локалните ординации свесно учествувале во загрозувањето на здравјето на граѓаните.