Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува Денот на основањето, 25 април 1979 г. со традиционален настан Отворен ден – УКЛО и пријателите, со мото „Извонредност и кариера“. Годинава одбележувањето е посветено на 15 годишнината од формирањето и функционирањето на студентското радио УКЛО ФМ. И токму водечкиот тим на ова радио денеска ги водеше пристутните низ сите точки од сценариото. Соња Тантарова Груевска, најпрвин го повика ректорот проф. Д-р Игор Неделковски да ги поздрави присутните, а потоа со поранешни и сегашни студенти на присутните им дадоа делче искуство како се вори програма во живо – на радио, ама и во Офицерски. Празнувањето редовно значи и признавање и признанија.


Проф. Д-р Горан Петровски е специјалист офталмолог, кој живее и работи во Осло, Норвешка , и досега има направено „само“ 9.500 офталмолошки операции, а слично како и наградените студенти на УКЛО, ги носи карактеристиките истрајност, капацитет и посветеност.

Се доделија и награди на најдобрите студенти избрани според огласот за извонредност на студентите на УКЛО. Во кристалната сала на офицерски и на платото пред овој објект денеска се одржа и манифестацијата Ден на кариера – претставуавње на компании од јавен и невладин сектор, алумни претставување на единиците на УКЛО, со заедничко дружење , коктел и убава музика.


Се на се УКЛО го започна одбележувањето во духот на заедништвото на студентите, професорите, ректорите и проректорите со гостите кои за оваа прилика им се тука од тетовскиот универзитет, амбасадорката наодборот за евалуација на високото образование, и, амбасадорката на народна република Кина, којашто исто така додели признание на најдобар студент.

Во текот на следните денови УКЛО празнично ќе пулсира – предвидено е отборање на ликовна изложба насловена „Од уметничката ризница на Ректоратот на УКЛО“ , а в понеделник ќе има и промоција на нова генерација доктори на науки.












