Полицијата во Битола работи на расветлување на насилство што се случило синоќа во дворот на едно од локалните основни училишта, во кое жртва е малолетно дете.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, инцидентот бил пријавен доцна навечер, околу 22:30 часот.
Пријавата ја поднел 39-годишен битолчанец, кој во полициската станица изјавил дека неговиот единаесетгодишен син бил цел на напад. Според исказот на родителот напаѓачот е лице идентификувано со иницијали Б.У. од Битола.
Покрај физичкиот напад, напаѓачот упатил и сериозни закани со употреба на остар предмет.
Од СВР Битола потврдуваат дека случајот е евидентиран и дека веднаш се започнати соодветни активности.
„Се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на мотивите за нападот“, велат од полицијата.
Јавноста во Битола со вознемиреност ја прими веста за насилство врз дете во простор наменет за едукација и безбедност на младите.
Инцидент во училиштен двор во Битола: Единаесетгодишно дете физички нападнато и соочено со закана со остар предмет












