На падините на планината Баба од западната насока, кадешто во позадина јасно се гледа Преспанското Езеро можеби живее дивокоза. Веројатно повеќе, слободно се движат.
Високопланинските ливади и гребени, карактеристични за пределот над 2000 метри надморска висина на оваа страна од Пелистер само најавува дека во подножјето се населените места Стење, Асамати, Претор, потаму и Сливница. Откарши се гледа и планинскиот масив Галичица.

Пред овој дел се наоѓа Козјиот камен, како почеток на главни9от планински гребен на Баба планина на север. Предел кадешто до пред извесно време завршуваше моликовата шума, а продолжуваше предел на карпи и пасишта , како реонот околу Малото и Големото Езеро.
Во овој предел живее дивокоза. А вработените од НП Пелистер сакаат да го документираат нејзиното живеење на Пелистер во оваа година. Секоја годиона се прави проценка, евиденција на движењето на животинските видови кои живеат на Пелистер. За утврдување на попрецизна точна бројка и здравствена состојба на популацијата националниот парк пелистер спроведува активен систем со поставување дополнителни камери ( фото – за,ки) на над 2.000 метри надморска висина.

„Ова местоположба, оваа висина е обично дом и живјалище на дивите кози. Сакаме да утврдиме дали попилацијата има тренд на пораз, дали има движение на диво коза, рупи капра, рупи капра. Чисто поради тие причини го одбираме ова место, затоашто ги обожава камењарите.“ – раскажуваше Петар поставувајќи ја камерата поврзана на соларен панел од кадешто црпи струја. Продолжи, „Моментално работиме на зачувување и на мониторинг на живејалищата на животните. Се со цел сакаме да постигнеме да ги подобриме нивните услови за живејање и нивните циклуси за обстанок во природата. Се со таа цел ги поставуваме овие камери за да го утврдиме бројността, здравствената состојба и нивниот потенцијал во националниот парк Пелистер. Информацијите ќе се стигат на сервер, така да секоје движење ќе види детектирано од страна на оваа камера, без оглед на какво животно и да гравитира тука.“
Живеалиштата на дивокозата како што се височинските карпести предели околу Козји Камен, Широка, Стив, Вртешка и Мало и Големо езеро спаѓаат во зона со строга заштита или ограничена човечка активност. Зони во кои е забранета било каква градба, сеча на шума или користење на моторни возила надвор од означените патеки. Се во насока кон мирот на животните.
Ова не е прва камера што се поставува. Од април досега НП Пелистер постави преку 40 на различни локации низ планината и нејзините врвови. Ај што ги следи животните туку ги следи и сите движења на луѓето.

„Со активниот мониторинг се намали нехигиената, а сè помалку отпад се остава од страна на посетителите на планината. Во таа смисла придонесоа за зголемување на културата на однесување во планината. Мораме да бидеме свесни дека за зачувување на националното богатство сите треба да придонесуваме“, рече директорот Иванчо Тошевски.

Според досегашните проценки на стручните служби од Националниот Парк и Македонското еколошко друштво на територија на националниот парк живеат околу 100-150 единки дивокоза, а во пределот околу Пелистерските очи се забележуваат 40-70 единки дневно.

















