ТЕРА

REKLAMA???

Дали пријавителките се заштитени или стануваат идни жртви-рекација на три граѓански здруженија

Во месецот на традиционалната кампања против родово базирано и насилство врз жени, во Македонија се случија неколку настани кои го привлекуваат вниманието на јавноста и сами по себе инсистираат на системски, но и промени во менталитетот на јавноста, почнувајќи од граѓаните завршувајќи со припадниците на службите кои го обезбедуваат јавниот ред и мир.

Остра институционална, политичка и општествена критика кон начинот на кој државата се справува со насилството врз жените деновиве упатија три здруженија на граѓани чија мисија е благосостојбата на жените : Мрежа за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени.

Во реакцијата од државата се бара итно решавање на последните три случаи: насилството и наводниот обид за прикривање на последиците во Охрид, убиството на жена во Богданци за кое се упатува на родово базирано и се дефинира како фемицид и бегството на осомничениот за насилство врз девојката во Битола.

Во отвореното писмо до јавноста, организациите го отвораат прашањето кој ги штити жените кога системот потфрла, затоа што трите примери посочуваат на пропусти во следењето на правилниците за постапување на институциите и меѓуинституционалната соработка во решавањето на случаите на насилство и семејно насилство.

Оттука, организациите иако имаат свое сопствено искуство со анализа на проблемот, помош на жртви на насилство и законски предлози бараат и:  Непосредна, координирана и долгорочна заштита на жените изложени на насилство, со достапна правна и психосоцијална поддршка и стабилно финансирање на специјализираните услуги, Итно придвижување на неопходните законски измени, без антиродови условувања и без отстапување од стандардите на Истанбулската конвенција, Санкционирање на лицата што јавно го оправдуваат насилството или промовираат дискриминација врз жените, Доследно почитување на професионалните стандарди во медиумите и одговорно известување што ќе ја преиспитува моќта, ќе ги разобличува оправдувањата за насилството и ќе ги штити приватноста и достоинството на жртвите.

Организациите не ги критикуваат само пчолицијата, обвинителството и судовите, туку и политичките, верските и медиумските влијанија врз општествените ставови за жените. На критика и преиспитување се ставени јавни настапи на верски авторитети против родовата еднаквост, медиумски ставови кои ја оправдуваат машката контрола врз жените, антородовите наративи и нивното влијание врз законодавството. Го предизвикуваат семејното влијание на осомничените: „јавната функција, партиската блискост не смеат да станат ресурси за избегнување одговорност. Партиските изјави дека „никој не е над законот“ мора да бидат проследени со постапување што јавноста може да го провери.“-се вели во реакцијата.

„Одговорноста за извршеното насилство е кај сторителот. Одговорноста за неговото оправдување, нормализирање и неказнување се протега низ целото општество. Системската одговорност не ја разредува индивидуалната: таа бара да се утврди кој нападнал, кој ја потценил опасноста, кој пропуштил да заштити и кој ја употребил својата моќ за да обезбеди неказнивост“-се вели во реакцијата во која се потсетува дека досега во државава се бара од жените да го пријавуваат насилството врз нив, но , оттаму , по пријавата,нештата не се помрднуваат во намалување на проблемот. Напротив, само станува видлив, но не и решен.

Во првите пет дена од ноември МВР регистрираше 25 пријави поврзани со семејно насилство, до денеска уште 36 пријави за насилство поврзано сосемејно насилтво. Оттука,  кај нас отворено останува прашањето колку од жените кои пријавиле насилство навистина добиле ефикасна заштита и дали институиите може да гарантираат дека пријавителките нема да станат идни следни жртви.

Според член 3 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, семејното насилство е дефинирано како:

„Малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија.“