„Да! можеме да ставиме крај на туберкулозата!“ e годинешното мото за одбележување на светскиот ден за борба против туберкулозата. светот сеуште се справува со неа, а во македонија и битола има мал број заболени. новиот предизвик со кој се соочува медицината е раното откривање на старата болест.
Светскиот ден за борба против туберкулозата претставува важна можност за подигнување на јавната свест за влијанието што туберкулозата го има врз здравјето на населението, како и врз социјалната и економската благосостојба на заедниците на глобално ниво. Затоа што заболувањето се лечи, но процесот долго трае. Да, има и случаи кога ненавремено откриена завршува со трагичен исход.
Денешниот ден е прослава на објавата на откритието од страна на германскиот лекар Роберт Кох направена пред берлинското физиолошко друштво.

Приказната за откритието Во 19 век, туберкулозата била позната како „белата чума“ и косела милиони животи низ Европа. Луѓето умирале бавно, а лекарите немале поим што ја предизвикува. Се верувало дека е наследна или резултат на „лош воздух“. Кох немал луксузна лабораторија. Работел во импровизирана лабораторија во својот дом, ама работел методично и упорно. Тој почнал да ги проучува ткивата од починати пациенти и забележал нешто чудно: ситни стапчести структури што постојано се појавувале кај болните. Го открил предизвикувачот наречен Mycobacterium tuberculosis или денеска познато како Кохов Бацил. Оттогаш, човештвото работи на истражуавње на ефикасен лек, кога еднаш лекарите ќе утврдат, според експертите од СЗО – ако не заборват, дека туберкулозата постои. Тоа не било само откритие на една бактерија. Кох поставил правила (денес познати како „Кохови постулати“) кои сега во 21 век се променуваат или барем надградуваат.
Откако беа издадени најновите консолидирани упатства за дијагноза на туберкулоза во 2025 година, станаа достапни докази за нови тестови, типови примероци и стратегии за почетна дијагноза на туберкулоза со и без откривање на отпорност на лекови. Во ажурирано издание кое ќе биде објавено наскоро, СЗО за прв пат препорачува нови молекуларни тестови во близина на местото на грижа (NPOC) за дијагноза на туберкулоза; лесни за собирање примероци од брисеви од јазик за поедноставување и проширување на пристапот до тестирање; и стратегија за собирање на спутум што штеди за да се зголеми ефикасноста на тестирањето за туберкулоза и туберкулоза отпорна на рифампицин.
Инаку, Туберкулозата во Македонија веќе подолго време бележи тренд на опаѓање и по пандемијата на Ковид се забележуваат под 20 забилени од туберкулоза на 100.000 жители што е мала инциденца, стои во извештај на СЗО. За споредба, светскиот просек на заболени е значително повисок – околу 102 на 100.000. Истиот извор споменува дека успешноста на лекување во Македонија е 86%, и дека на глобалната мапа државава е на 129-то место со ниска смртност.
Лекарите напоменуваат : доколку имате симптоми како долготрајна кашлица ( повеќе од 3 недели), ноќно потење и губење на тежината, веднаш да се обратите кај матичен лекар или во најблискиот диспанзњер за белодробни заболувања.
фотографии: wikipedia
















