Разговор со Драган Крајовски, член на Извршен одбор на СДСМ
Г- н Крајовски, завршија локалните избори, раководството на битолската организација поднесе оставка , кој во моментов раководи со битолската СДСМ?
Драган Крајовски: „Моментално со општинската организација на СДСМ во Битола раководи координативно тело што е составено од највисоките партиски фукционери. Тоа се членовите на Централниот одбор на СДСМ, советниците во Советот на општина Битола, реонските координатори како и претставници на Младината и Форумот на жени.“
Функционираме непречено, сите сме долги години во партијата и лесно градиме заеднички став.
Кога се отворени просториите на СДСМ во Битола? Има реакција дека кога и да одат не се отворени.
Драган Крајовски : „ Не е точна таа констатација, редовно го отвораме просториите односно состанчуваме. Веќе почнуваат да функционираат и партиските комисии, ќе имаме деновиве и една регионална трибина за спорт, така да , телата и органите коишто не се во оставка си функционираат и одговараме на задачите и предизвиците со коишто се соочуваме.“
Зошто сеуште не е одржан состанокот на Централниот одбор на кој треба да се потврди новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ и да се распише оглас за избор на претседател на Општинската организација на СДСМ Битола?

Драган Крајовски: „Тоа неможам јас да го кажам како информација. Очекуваме наскоро да има и Централен одбор, состакок, како и конгрес во текот на месец мај којшто ќе биде програмски конгрес на којшто ќе се изгласа програмата на платформата за тоа како ќе делува СДСМ.“
Дали очекувате, имаше сепак и реакции по вашето назначување во Извршен. Дали очекувате дека членовите на Централниот одбор ќе го потврдат новиот состав на Извршниот одбор и Вас како член?
„Очекувам. Очекувам, во секој случај. Јас и на последниот конгрес бев избран како член на Централен Одбор. Не гледам причини зошто не би бил избран, да кажам искрено.“
Има ли единство во партијата по изборите ?
Драган Крајовски: „Да, Да. Во текот на овие два месеци одржуваме состаноци како координативно тело со реоните, месните организации на ниво на општина Битола. Има интерес, има желба. Членовите веќе имам впечаток дека не се рамнодушни на се она што се случува на ниво на Битола и на ниво на целата држава. Ние, претседателот и Извршниот одбор и Надзорниот одбор како општинско раководство ќе се избериме за скоро , но , како партија меѓутоа и сите граѓани ги итнересира, клучно е прашањето што понатаму со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола и градоначалникот Коњановски во наредните повеќе од три години. Сведоци сме на лошите политики коишто ги донесоа во првите 100 дена – поскапувањата на услугите на јавните претпријатија и установи, такашто сега прашање е што да очекуваме од нив.“

Во секое владеење без разлика на кое ниво е потребна е силна опозиција. Од настаните досега што се случуваат впечатокот за битолската СДСМ не е како за обединета и здраво организирана партија. Последното прашање, зошто ниту еден висок партиски функционер од Скопје не дошол на средба со членовите на СДСМ од Битола како што тоа се случува во останатите градови во државата?
Драга Крајовски: „Значи, за партискиот функционер во тек се состаноци низ целата држава со општинските организации, со раководствата, со членовите, кај нас треба да биде кон крајот на месец март таа средба. Значи, ќе имаме средба со раководство, со членство, со претседатели на избирачки места, со членство, со претседатели на избирачки места, со месни координатори. “
„Реагираме во Советот на општина Битола, и, како што досега бурно реагираат советниците и партиските тела, така ќе продолжиме будно да ја следиме политиката и постапките на локалната власт и ќе реагираме со сите расположиви средства.“
















