Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески оствари средба со Амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Мартин Памер, кој вчера беше во посета на Прилеп.

„На средбата имавме прилика да го запознаеме почитуваниот Амбасадор за актуелната ситуација во нашата општина, како и за можностите со кои располагаме, за природните богатства, за туристичките и стопанските потенцијали кои ги нудиме како општина Прилеп и за тоа каде би можеле да ја насочиме нашата идна соработка.
Заедно го посетивме Манастирскиот комплекс Свети Архангел Михаил во Варош и ја презентиравме убавината на старата архитектура, богатството на икони и фрески и импресивната глетка на Пелагонија.

Исто така го посетивме и Музејот на тутун во Прилеп, кој што претставува Музеј на приказни.

Во Прилеп тутунот е повеќе од растение, тој е културен и социјален феномен, а нашиот Музеј за тутун е втор по големина и значење во Европа.

„Воспоставувањето на дипломатски односи на нашата Локална самоуправа и вмрежувањето со амбасадите во Република Македонија сигурен сум дека ќе има позитивно влијание за нашиот Прилеп“ рече Јовчески.












