ТЕРА

REKLAMA???

АНГЕЛЕВСКА: СО ПЛАТФОРМАТА 1198, РЕК СТОЖЕР НА МАКЕДОНСКИОТ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ

Кандидатката за пратеничка од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Силвана Ангелевска вели дека со програмата Платформа 1198 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ РЕК Битола станува стожер на македонскиот електроенергетски систем.

„Нови инвестиции во РЕК Битола, продолжување на животниот век на термоелектричните централи и нивна ревитализација и модернизација, во согласност со одржливиот развој и зачувувањето на животната средина.

Набавка на рударска опрема со која се овозможува експлоатација на постојните рудници на лигнит во Суводол и Гнеотино. Тоа значи намалување годишните трошоци за ископ.

Животниот век на термоелектричните централи во РЕК „Битола“ го продолжуваме со отворање на новите рудници „Живојно“. Предвидената експлоатација е со годишен капацитет до три милиони тони јаглен. Ова овозможува стабилно работење, првенствено преку искористување на домашните ресурси, наместо зголемен увоз на скап и неквалитетен јаглен од странство.

Ревитализацијата и модернизацијата на РЕК Битола вклучува:

– намалување на емисијата и имисијата на штетните гасови и прашина во гранични вредности според европските директиви и законодавство;

– подобрување на амбиенталниот воздух со позитивно влијание врз климатските промени;

– намалување на бучавата на постројката;

– производство на гипс и негово можно пласирање на пазарот;

– намалување на респираторните болести и дополнителните трошоци, како што се намалени отсуства од работа заради боледувања и зголемени трошоци за лекови и лекување.

Конечно, реконструкцијата на електростатските филтри и замена на вентилатори и канали на димни гасови ќе ја завршиме до 2028 година, а втората фаза – десулфуризација – до 2030 година.

Платформата 1198 нуди вистински, реален и сериозен концепт за обнова на македонскиот колабиран енергетски систем.

Почитувани мои сограѓани, секој од Вас знае, промените се во твои раце! Македонија повторно твоја!“ вели Ангелевска.