„Стратешките инвестиции се компактибилни и ќе придонесат за зголемување на енергетската независност. Само со четирите проекти можеме да го замениме целото производство на РЕК Битола за последните 4-5 години,“ посочи Виктор Андонов, директор за развој во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24, во врска со изградбата на новата гасна централа, дел од четирите стратешки инвестиции вредни ноколу 800 милиони евра.
Тој потенцираше дека одржливиот развој на економијата ќе е поткрепен од државни и приватни инвестиции.
„Фокусирани сме да направиме енергетска транзиција во Кичево и Битола поради работата на ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола – објекти носители на енергетската независност чии животен век изминува. Ние тоа како држава им го должиме на граѓаните. И затоа ќе градиме таму објекти гасно- комбинирани постројки,” посочи Андонов.
Андонов вели дека 30 години не се изградил ниту еден државен енергетски капитален објект.
„Морам да искажам разочарување што универзитетски професори се против енергетски инвестиции кога 30 години не се изградил ниту еден капитален енергетски објект. Зборуваме за искуство што треба да го имаат професори со кое би учествувале во изградба на објекти и тоа се стекнува доколку се учествува во самата изградба или проектирање на истата. Ние немаме таков капацитет. Ниту еден државен термо капацитет од осамостојувањето до сега не е изграден. Немаме професори кои учествувале во таков објект. Те- То е изграден од шпанска компанија, граден од турска компанија. Се што е приватно не чини, таа теза не одговара. Не треба да ги избркаме тие луѓе кои инвестирале тука, и тоа останува кај нас, се ангажирале домашни луѓе, земале пари од наши и странски банки, вработиле наши инженери. Сите тие инвестиции што ги објавува РЕК се домашн инвестии,“ рече Андонов.
Тој се осврна на времето во криза, кога трговците со електрична енергија им ги откажале договорите, а на ТЕ-ТО бидејќи е домашен му се наложи да ја продава енергијата дома.
„Тоа е разликата дали да градиме дома или да купуваме од берза. Ако сакаме да градиме одржлив развој треба однапред да гледаме. Развојот треба да го гледаме 20 години однапред, а не наназад,“ порача Андонов.











