Балетки пат настапи на отворено на снег придружуван од виолончело пред швајцарскиот глечер.

Ова се случу во Давос на маргините на Светскиот економски форум, а идејата била да се сврти вниманието за проблемите од климатските промени, јавува Ројтерс.

Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос.
Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) кој оваа недела се одржува во Давос и консултантската фирма Оливер Вајман.
Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морињата.
Студијата се заснова на средното сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за пораст на температурата до 2100 година, што претпоставува просечно зголемување на температурата за 2,7 степени Целзиусови.












