ТЕРА

REKLAMA???

БЕНДЕВСКА ГИ ПОВИКА БИТОЛЧАНИ НА ВЕЧЕРАШНИОТ МИТИНГ НА „ЗНАМ“ НА МАГНОЛИЈА

Во синоќешната емисија „Директно“ на Тера телевизија, носителката во петтата изборна единица на кандидатската листа за пратеници на „ЗНАМ“, Весна Бендевска, рече дека своевремено, напуштање на СДСМ било заради нејзиното несогласување со политиките на тогашното раковдство.

„Говорам за политики и за мој револт кон политики, се разбира кон раковдоството што ги спроведуваше тие политики. Не говорам кон членовите, кон пријателите, другарите што долги години сме имале чиста идеологи и сме биле на иста страна.

Имам намера да продолжам да комуницирам, моите позиции и ставови јавно и гласно ги искажувам и не дека анимирам преминување нивно во дрижењето „ЗНАМ“ за Наша Македонија.

Ова наше движење има сосема друг став, сосема друга мисија и визија како дел од политичкиот спектар во Македонија“ рече Бендевска.

На прашањето околу цензусот за вториот круг, Бендевска вели дека се наоѓаме во сериозна политичка криза и ќе треба да се носат многу клучни решенија и упати повик да гласачите да излезат на гласање.

„Многу често граѓаните велеа не излегувам исти се и едните и другите, едните ќе ги симнеме од власт, ќе дојдат другите, па тие доаѓаат и се однесуваат и бетер од оние што ги наследиме и тој магичен круг сакаат да го прекинат. Еве ви можност, да ве повикам, една од причините за која се појавуваме како нов политички субјект во овој момент е тоа. Ние сме трета опција. Третата опција ја пополнува и партијата Левица која пости повеќе години. Имаат опции. Правото на глас е лично, но нека излезат и нека дадат легитимитет на новата власт, сега имаат избор“ вели таа.

Носителката на листата ги повика битолчани вечерва во 20:00 часот на градскиот плоштад „Магнолија“ на митинг за претставување на кандидатите на нивната листа во петтата изборна листа и на претседателскиот кандидат Максим Димитиевски.