ТЕРА

REKLAMA???

„БИТОЛА НЕКОГАШ И СЕГА“ – ИЗЛОЖБА НА ПЕТАР СТАВРЕВ

По повод Денот на ослободувањето на градот 4. Ноември, на свеченоста во Народниот театар во Битола, беа доделени четвртоноемвриските награди.

Во богатата програма за одбележување на овој ден присутните имаа можност да ја погледнат изложбата „Битола некогаш и сега“, на битолскиот фоторепортер, Петар Ставрев.

 

Инаку тој е просветен работник, новинар, фотограф, фото-репортер, документарист, ТВ – репортер, уредник, автор, хроничар на градот Битола, репрезент на Битола и урбана личност без која не може да се замисли животот на Широк Сокак.

Минатата година тој го доби највисокото признание на Општина Битола, наградата 4- ти ноември за животно дело.

Тој има големи достигнувања од областа на новинарството, реализирани неверојатни проекти, интервјуа со голем број значајни личности, а меѓу нив како најзначаен е Милтон Манаки.Како новинар пишувал текстови за бројни весници. Голем придонес има и во областа на фото документирањето на настани, места и личности на Битола. Автор е на повеќе монографии, каталози, проспекти, на повеќе од 300 документарни филмови, добитник на наградите „Златна плакета“ и наградата од фестивалот „Камера 300“.Автор и на документарните емисии „Патуваме откриваме“, како и музичката емисија  „Двапати исто, но сепак различно“ на ТВ Тера.

Петар Ставрев е и планинар кој го има искачено Монт Блант, а ги има искачено и највисоките балкански врвови. Има реализирано повеќе проекти: издавање на написи, организирање на фото изложби, коавтор е на монографијата „76 години позитивни активности“, продолжи и со издавање на весникот „Занаетчија“ и весникот „Пензионер плус“, традиционално го фотодокументираше Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“,во рамките на кој оваа година заедно со неговит син ја презентираа изложбата од фестивалот низ годините на  дваесетина паноа со над 500 фотографии. Тука се и фотографиите од  „Битфест“, „Илинденски денови“ и сите останати настани од областа на спортот и културата во Битола. Располага со илјадници фотографии од Битола, од настани и личности поврзани со градот.